Topper MojSan Woolly, за лица кои имаат проблеми со потење за време на спиењето, благодарение на природните карактеристики на волната која помага во елиминирањето на влажноста овозможува идеален амбиент за спиење.
Предности и карактеристики на topper MojSan Woolly:
- единствен производ на пазарот со врвна завршна изработка
- структура од природни материјали
- практичен и перлив наддушек
- надворешно платно изработено од 100% памучни влакна
- полнет со најфина нова волна за врвна удобност при спиењето во комбинација со ПЕС влакна за зајакнување на структурата на полнењето
- достапен во димензии: SINGLE 200x90cm, DOUBLE 200x160cm i DOUBLE 200x180cm.
Практичен е, перлив и едноставно се поставува директно на душекот благодарение на еластичните држачи на сите четири страни.Волната балансира влажност и е совршено удобна додека памучната навлака осигурува непречено дишење на кожата.
WOLMARK Pure New Wool логото е еден од глобално најпрепознатливите симболи во текстилната индустрија кој укажува на тоа дека производот е изработен од 100% чиста нова волна.
beCOOLinWOOL...
Tehničke informacije |
Naziv proizvoda | Topper MojSan Woolly |
Природен , биоразградлив и обновлив материјал кој не само што овозможува терморегулациска изолација во топли или ладни услови туку ја регулира и влажноста на воздухот создавајќи совршени услови за спиење.Волната користена за полнење на производите од MojSan Woolly колекцијата е сертифицирана од страна на WOOLMARK company како глобален авторитет на полето на креирање на производи со волна за користење во системите за спиење.
PURE NEW WOOL by WOOLMARK Company
Чиста нова волна подразбира руно од овца или јагне кое претходно не е:
- предено
- обработувано
- вградувано во други готови производи
Производите на база на волна се поотпорни на валкање и се едноставни за одржување. Волната има способност за впивање на влага до 33% од сопствената тежина во сува состојба, без притоа да дава чувство на влажност. Може да се пере ако е наведено во упатството.
Волната е многу издржлив, постојан и долговечен материјал кој го задржува својот првобитен облик.
MojSan Woolly колекцијата на производи во основа има врвна WOOLMARK чиста нова волна која гарантира совршени услови за спијачите кои преферираат 100% природен амбиент за спиење.
The Woolmark Company е подружница на компанијата Australian Wool Innovation (AWI), организација која спроведува истражувања, развој и маркетинг низ светски ланец за снабдување со Австралиска волна .
WOLMARK Pure New Wool логото е еден од глобално најпрепознатливите симболи во текстилната индустрија кој укажува на тоа дека производот е изработен од 100% чиста нова волна. Производите лиценцирани со овој знак ги задоволуваат строгите стандарди и овозможуваат и им гарантираат квалитет на корисниците на производите. Логото Woolmark е сопственост на компанијата The Woolmark Company.
WOOLMARK брендот се користи за сертифицирање на производи во врска со составот на влакната, намената за која се користат, перформансите при користењето и одржувањето како би се задоволиле очекувањата на корисникот од самиот производ.
WOOLMARK логото е дизајниран од страна на италијанскиот дизајнер Franceskо Saroglia во 1964 година и од тогаш се користи во преку 100 држави во светот. До сега преку 5 милијарди производи се произведени со оваа етикета.
Според истражувањата од страна на AWI, компанијата која е сопственик на WOOLMARK симболот, половина од оние на кој им е познат овој симбол ја знаат и неговата намена.
MojSan Woolly Collection е дел од NATURAL колекцијата на производи со пакување кое го следи природниот концепт. Пакувањето е трајно и може да се користи и за друга намена.